Легендата на Рома, Даниеле де Роси денес ќе го одигра последниот натпревар во дресот на „волчицата“ и ќе се прости од „Олимпико“.
Пред натпреварот Де Роси преку социјалните мрежи напиша емотивна порака со која уште еднаш допре до срцата на сите фанови на Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој никогаш не зажали што не потпиша за друг клуб и побара навивачите да не се лутат на претседателот Џејмс Палота, ниту на луѓето во клубот, кои несфатливо не му понудија нов договор.
„Зошто си насмеан, момче?
Среќен сум!
Зошто си среќен?
Имам дрес на Рома.
Нели е фалсификат?
Не, само мојата тетка ми го соши бројот.
Што ако ти кажам дека ќе го носиш над 600 пати.
Јас би бил пресреќен да го облечам само еднаш.
Погледнувајќи ја оваа фотографија, сфаќам колку сум среќен, среќа која никогаш не ја сфаќав здраво-за-готово и среќа за која вечно ќе бидам благодарен. Патот беше долг, интензивен и секогаш придружен со љубов кон тимот. Дозволете се да се заблагодарам на Рома која ја познавам: семејството Сенси, претседателот Палота. Сите мажи и жени кои работат во Тригорија. Тренерите кои ме воделе, и од кои научив многу, без исклучок. Медицинскиот тим кој се грижеше за мене, моите соиграчи, кои се како семејство за мене. Благодарам и на Франческо (Тоти). Ја добив капитенската лента од мојот брат, од голем капитен и од најневеројатниот човек кој сум го видел во овој дрес. Ретко кој има шанса да игра 16 години покрај својот идол. Ја враќам капитенската лента со почит кон Алесандро. Најголемиот подарок кој можете да ми го дадете е да го ставите бесот на страна и да се обедините пред нашиот тим, бидејќи Рома е пред се друго. Никој нема да те сака повеќе од мене. Ариведерчи“, истакна Де Роси во отвореното писмо.
On the eve of his final game for #ASRoma, Daniele De Rossi's heartfelt message to all those who have influenced his career…
— AS Roma English (@ASRomaEN) May 25, 2019