Дома Фудбал Останато Де Лаурентис сака трет клуб и тоа клубот на нашиот Мирко Ивановски?!

Де Лаурентис сака трет клуб и тоа клубот на нашиот Мирко Ивановски?!

de laurentis

Сопственикот на Наполи неодамна стана газда на Бари, но судејќи според ситуацијата нема намера да застане на тоа.

Навивачите на Наполи не го поздравија потегот на Де Лаурентис да го купи Бари, а сега се соочуваат со нови лоши вести. Контроверзниот сопственик на клубот од Неапол сака да купи уште еден клуб и тоа хрватски Хајдук.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој на собирот за здружението на европски клубови изјави дека нема ништо против да започне преговори, но не со навивачите на Хајдук, туку со луѓе од управата.

„Ете, ако добијам прилика би го купил Хајдук. Неодамна беше прифатена мојата понуда и го купив Бари. Но, тоа не значи дека не сум заинтересиран за Хајдук. Едуардо Реја ми кажа дека клубот е во рацете на навивачите и тие не сакаат да биде даден во приватна сопственост. Ако се спремни за разговори тука сум, но разговор со луѓето од градот, а не со навивачите“, изјави Де Лаурентис.

Ќе потсетиме во овој момент во Хајдук настапува македонскиот напаѓач, Мирко Ивановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…