Дома Топ вести Де Геа не се откажува – сонува да стане „крал“

Де Геа не се откажува – сонува да стане „крал“

Приказната не е завршена и е откриена на највисокото место. Се чека веќе две години и има трпение…

Како што сега стојат работите, Де Геа не се откажа од идејата да дојде во Реал Мадрид. Имено, како што тврди агентот на Роналдо, Мендеш, тој ова лето се заблагодарил на соиграчите од репрезентацијата и им рекол дека сака да се врати во татковината.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Меѓутоа, од тоа не беше ништо, иако најпознатиот агент во светот тврди дека приказната не е готова. Зидан е индиферентен за ова прашање, но Флорентино Перез нема да се откаже, тој го сака Де Геа на голот, иако Кејлор Навас беше одличен претходните сезони и никого не му е јасно зошто постојано се говори за неговото заминување.

Но, Навас има 30 години, а Перез смета дека со доаѓањето на Шпанецот ќе го реши прашањето за следната деценија. Мурињо тврди дека го прашал Де Геа дали ќе замине, за на време да си најде нов голман и добил негативен одговор. Но, изгледа дека тогаш голманот имал информација дека Реал ќе го почека до следното лето.

На Де Геа трансферот во Реал му пропадна за неколку минути летото 2015., но кој знае, можеби следното лето ќе пристигне на „Бернабеу“. Се претпоставува, Јунајтед ќе го бара Бејл, но ваквите размени, иако изгледаат примамливи за навивачите ретко успеваат. Во секој случај, Де Геа остана, но не се откажа од намерата да се врати во својот роден град.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Синер го освои Шангај, Ѓоковиќ призна: Беше пресилен за мене

Новак Ѓоковиќ загуби од Јаник Синер во финалето на турнирот во Шангај со 0-2 во сетови, од…