Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Де Геа не е повикан за СП затоа што во репрезентацијата мислеле дека се повлекол?

Де Геа не е повикан за СП затоа што во репрезентацијата мислеле дека се повлекол?

Луис Енрике изненади со одлуката да не го повика голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа за Мундијалот во Катар.

Унаи Симеон, Давид Раја и Роберт Санчес добија предност во однос на голманот на Манчестер Јунајтед и тоа секако беше изненадување. Де Геа побарал образложение од Луис Енрике, а тој го известил дека тоа било негова одлуката.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Наводно, во Шпанската федерација некако разбрале дека Де Геа се пензионира од репрезентацијата, па дури му испратиле и благодарница за доприносот кој го имал за „Фуријата“ во изминатите години.

Таквиот потег бил изненадувачки за голманот кој возвратил дека никогаш не се пензионирал од репрезентација и не планира да се повлече. Сепак, како и да е Де Геа остана без повик за Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Во Аталанта не штедат: Платија 20 милиони евра за 17-годишник!

Онест Аханор е најновото засилување на Аталанта. Станува збор за фудбалер кој игра со лева…