Дома Топ вести Де Геа бира помеѓу Интер и Баерн Минхен

Де Геа бира помеѓу Интер и Баерн Минхен

Шпанскиот голман Давид де Геа е слободен агент откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед и се уште е во потрага по нов клуб.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Де Геа сака да остане во Европа и на маса има две понуди, Интер и Баерн Минхен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Баерн го идентификуваа Де Хеа како замена за Мануел Ноер, кој е повреден и ќе пропушти значителен дел од сезоната. Меѓутоа, со враќањето на Германецот, Де Геа најверојатно би бил втор голман, а тоа нема да му се допадне.

Од друга страна Интер е без голман после продажбата на Онана и таму 32-годишниот Шпанец би имал статус на прв голман.

Меѓутоа, проблем е неговата висока плата, па доколку се согласи за преселба на „Џузепе Меаца“ ќе треба да прифати помала плата.

Де Геа во оваа фаза не брза да донесе одлука за својата иднина и чека да ги види сите понуди пред себе. Тој доби богата понуда и од Саудиска Арабија, но сака да остане во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…