Трката е отворена, кандидати има…
Славен Билиќ и понатаму е број еден да ја напушти клупата на Вест Хем иако неговиот тим во вчерашниот натпревар запиша победа на новајлијата Хадерсфилд со 2:0.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватот после четири кола има три порази и една победа, токму поради тоа на големо се пишува за негово заминување.
Иако Њукасл запиша два победи во низа, следен на листата е Рафаел Бенитез, кој веќе некое време не е во добри односи со управата на англискиот клуб, па веројатно се чекаат кикс или два, за разделбата и да се случи.
Понатаму, тука е „вечниот“ кандидат за заминување, Арсен Венгер, познато е дека Венгер скоро во секоја сезона во последните неколку години се поврзува со заминување од Арсенал, па не е исклучок ниту оваа.
Веднаш зад Французинот место на оваа листа добија Крег Шекспир од Лестер, Еди Хау од Бурнемоут, Маурисио Пелегрино од Саутемптон и Пол Клемент од Свонси.