Белгискиот медиум „Спорт Фут“ неодамна лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Де Брујн на лето би можел да се пресели во Реал Мадрид.
„Граѓаните“ добија суспензија од страна на УЕФА за двегодишна суспензија во Лигата на шампиони, па медиумите тврдат дека тоа ќе доведе до заминување на некои ѕвезди од тимот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Спорт Фут“ тврди дека Кевин де Брујн сериозно размислува да се пресели во Реал Мадрид ова лето.
„Клубот ни соопшти дека ќе се жали на одлуката на УЕФА и дека се убедени дека се 100% во право. Јас им верувам, ќе видиме каква ќе биде конечната одлука. Две години без Лига на шампиони се премногу. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Белгиецот.