Пеп Гвардиола нема да може да смета на дефанзивецот Кајл Вокер и напаѓачот Габриел Жесус за време на богатиот празничен период бидејќи двајцата се позитивни на Ковид 19.
Манчестер Сити денес потврди дека двајцата со уште двајца членови на тренерскиот тим имале позитивни тестови на корона вирусот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Жесус го постигна првиот гол при победата над Арсенал во Карабао купот во вторникот, додека Вокер беше на клупата на тој меч.
Тие сигурно ги пропуштаат мечевите со Њукасл, Евертон и Челзи, како и големото дерби во полуфиналето на Карабао купот против Манчестер Јунајтед.