Навивачите на Милан се во екстаза оваа зима.
По двете големи засилувања, Лукас Пакет и Кшиштоф Пјонтек, управата на клубот подготвува уште две засилувања. Според пишувањата на италијанските медиуми, „Росонерите“ работаат на трансфер на двајца играчи – фудбалерот на Вотфорд, Џерар Делофеу и членот на Бордо, Орелен Чуамени.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Сан Сиро“ добро го памети Шпанецот кој веќе настапуваше за Милан во сезоната 2016/17, кога на 18 настапи постигна четири гола и запиша три асистенции. Така беше еден од најдобрите играчи, па во клубот се надеваат дека би можеле да ги повтори натпреварите и оваа зима.
Се споменува добро познатито бизнис модел – позајмица со право на откуп. Од другата страна, Чуамени е трансфер за иднината, има само 18 години и е во младинската репрезентација на Франција. Тој би чинел десет милиони евра.