Реал Мадрид и Пол Погба – колку е реално? За тоа денес пишува „Марка“.
Не е ова прв пат Пол Погба да се поврзува со Реал Мадрид. Пред три години исто така беше во центарот на вниманието. Сакаше да го напушти Јувентус, а на крајот за повеќе од 100 милиони евра премина во Манчестер Јунајтед. Мино Раиола бара дестинација, за шампионот на светот од Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред околу еден месец постоеше проблем помеѓу Реал и Раиола кој изгледаше прилично комплициран. Но сега работите се променети. Дошло до два телефонски разговори помеѓу овој менаџер и Реал Мадрид, пишува „Марка“. Во тие два разговори Раиола наводно ја потврдил желбата на Погба да го напушти Манчестер Јунајтед и да пронајде место во Реал. Тоа не е ништо ново. Дури и кога заминуваше од Јувентус размислуваше за Реал, но тогаш Јунајтед се појави со поголема понуда.
Погба е играч за кој Зидан има позитивно мислење, а се и сонародници. Дека стилот на игра на Погба му се допаѓа, Зидан не криел и сега кога се врати во Реал оваа опција е одново отворена. Во Мадрид сметаат дека Погба е играч кој добро би се прилагодил во тимот на Реал.
Се она што се случувало помеѓу Погба и Жозе Мурињо го натерало Французинот да размислува за промена на средината. Не криеше дека има проблеми со Португалецот. Со заминувањето на Мурињо се промени опкружувањето околу Погба, но не и неговиот став. Според информациите кои ги има „Марка“ Французинот сака промена и ако Реал е опција за него би било уште подобра.
Неговото барање од Раиола било јасно и сега тој прави се што е неопходно за да ги задоволи апетите на својот клиент. Во Манчестер Погба има уште две години од договорот, платен беше 114 милиони евра, а неговата плата изнесува околу 14 милиони евра годишно и тоа не би требало да биде проблем за „кралевите“.