Ангажманот на Еден Азар од Челзи минатата година е само почетокот на планот на управата на Реал Мадрид за создавање напаѓачко трио кое ќе биде страв и трепет за противничките одбрани.
Денешното издание на весникот „АС“ објави вест која звучи сензационално Реал спремен да ги купи и Халанд и Мбапе, и заедно со Азар да направи трио од соништата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанците се убедени дека „кралскиот клуб“ ќе ги реализира своите желби по крајот на следната сезона, а единствено нешто кое може да го запре од остварување на ова е финансиска криза.
Весникот пишува дека Халанд би дошол за 75 милиони евра од Борусија Дортмунд, додека Мбапе за 180 милиони евра затоа што има договор до 2022 година. Како нешто што оди во прилог на Реал се наведува тоа што Мбапе ги одбил сите понуди од ПСЖ за продолжување на договорот.
Светските медиуми претходно објавија дека Мбапе летово нема да бара да замине од ПСЖ, но дека по следната сезона ќе се пресели во Мадрид.