Дома Фудбал Останато Два од 64 натпревари на Мундијалот се веќе распродадени

Два од 64 натпревари на Мундијалот се веќе распродадени

mundijal

Meѓународната фудбалска федерација соопшти дека од 64 натпревари на Светското првенство, два се веќе распродадени.

Станува збор за финалето кое ќе се одигра на „Лужњики“ како и првиот натпревар на турнирот кој на 16 јуни ќе се игра помеѓу Аргентина и Исланд на стадионот на Спартак во Москва.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новата фаза на продажба на влезниците започнува веќе утре (13 март).

ФИФА истакна дека е задоволна од тоа како се продаваат картите. Исто така потсети на барањето на руските власти секој навивач да има навивачка лична карта кој ќе служи како официјален документ за индентификација.

Навивачите се повикани да се пријават што побрзо за тој бесплатен документ веднаш откако ќе добијат потврда за резервацијата на влезницата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…