Неколку европски клубови веќе започнаа битка за потписот на Џеси Лингард, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед и на лето ќе биде слободен агент.
Манчестер Јунајтед му понуди нов договор, но играчот одбива да потпише, а неговиот трансфер во Њукасл во јануари пропадна во последен момент.
Милан и и Атлетико Мадрид веќе ја започнаа битката за неговиот потпис и сакаат да го донесат без обештетување.
„Црвените ѓаволи“ одбија да го пуштат играчот во јануари, но се свесни дека Лингард ќе замине на лето без обештетување.