
Српскиот репрезентативец Марко Грујиќ игра одлична сезона во Порто и го привлече вниманието на неколку европски гиганти.
Најсилен интерес за играчот за врска покажуваат Манчестер Јунајтед и Милан, кои ќе се борат за неговиот потпис на лето.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Грујиќ пристигна во Ливерпул во 2016 година, но не се снајде на „Енфилд“, а потоа се пресели во Порто кој го откупи неговиот договор за 12 милиони евра.
После одличната сезона, Порто за неговата слобода бара 35 милиони евра, па останува да видиме дали наведените клубови се спремни да ја платат таа сума.