Дома Трансфер зона Дарвин Нуњес уште утре може да потпише за Ливерпул

Дарвин Нуњес уште утре може да потпише за Ливерпул

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нунес уште утре може да го потпише договорот со Ливерпул, тврди „Ливерпул Еко“.

Португалските медиуми пренесуваат дека трансферот може да биде финализиран наскоро. „О Жого“ и „А Бола“ откриваат дека првата понуда на „црвените“ била првично 60 милиони фунти плус 25 милиони фунти во бонуси.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Раководството на Бенфика ја одби, по што Ливерпул  ја промени понудата за структурата на плаќањата и ја зголеми почетната сума на 68 милиони фунти, со бонуси од 17 милиони фунти (80 милиони евра плус 20 милиони евра).

Бенфика бара 100 милиони евра за својата ѕвезда, па Ливерпул ги исполни барањата, а веќе има договор со Уругваецот за 5-годишна соработкс.

Интерес за напаѓачот покажуваа уште Манчестер Јунајтед, Њукасл и Атлетико Мадрид, но Нуњес преферираше преселба во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Роналдо го носи Де Брујне во Ал Наср

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот и кариерата да …