Дома Останати Ракомет Данците му одговорија на Червар откако нивните судии ги нарече аматери

Данците му одговорија на Червар откако нивните судии ги нарече аматери

Вчера Хрватска во натпревар кој крена огромна прашина во ракометниот свет беше поразена од Германија.

Лино Червар благо кажано беснееше после натпреварот и жестоко ги искритикува Данците кои ја делеа правдата на овој натпревар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Целиот свет виде како Хрватска беше ограбена. Тие судии треба да се затворат. Не може аматери да судат на вакви натпревари“, изјави помеѓу другото Червар.

Сега на оваа изјава на Червар стигна одговор од Данска и тоа од поранешните ракометари Каспер Хвдит и Клаус Молер Јакобсен.

„Со оглед на се што видовме мислам дека нашите судии добро си ја одработеа задачата. Судеа брилијатно“, изјави легендарниот голман Хвдит.

„Германија исто така имаше пет исклучувања во првото полувреме, Хрватска само две. Невозможно е да се биде судија и да не се погрежи. Можеби потребно е да воведеме дополнителни механизми“, изјави Јакобсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија мора да ја победи Романија, па да чека услуга од Данска

Македонска ракометна репрезентација денеска ќе се соочи против Романија во третото коло од…