Германија и Франција вчера одигра исклучително интересен пријателски натпревар во Келн кој на крајот беше завршен со резултат 2:2.
Кога во прашање се репрезентациите на Франција и Германија често пати може да се слушне дека тоа се репрезентации од кои може да се состават три одлични тимови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Па, така „L’Equipe“ и го докажа тоа за репрезентацијата на Франција. Реномираниот француски весник направи три различни состави за кои може да се каже дека се подеднакво добри и веројатно сите три состави би конкурирале за највисок пласман на Мундијалот во Русија.
Доволно е да се каже само дека одличниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал, беше сместен во третиот тим на Франција, додека голгетерот на Арсенал Александар Лаказет во вториот.