Дома Фудбал Англија Дали соблекувалната на Сити го саботира Де Брујн?

Дали соблекувалната на Сити го саботира Де Брујн?

Доскорешниот заменик капитен на Манчестер Сити, Кевин де Брујн изгледа не ужива апсолутна поддршка во соблекувалната.

Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола после заминувањето на Компани во 2019 година им дозволи на играчите секоја година да гласаат за капитен и заменик капитен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Де Брујн минатата сезона беше заменик капитен на неприкосновениот Фернандињо, но оваа сезона „падна на листата“.

Имено, играчите ова лето гласале нешто поинаку, Фернандињо остана капитен, но негов заменик оваа сезона ќе биде Илкај Гундоган.

На третото место е Рубен Дијаш, а Де Брујн падна дури на четвртото место во гласањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок во Саудиска Арабија поради Роналдо, обвинувања има од сите страни!

Неколку играчи на Ал Ахли изразија негодување преку социјалните мрежи против одлуките на с…