Дома Топ вести Дали Руни ќе може да ја одбие оваа „безобразна“ понуда!?

Дали Руни ќе може да ја одбие оваа „безобразна“ понуда!?

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни доби „безобразна“ понуда од два кинески клуба, па сигурно добро ќе размисли пред да даде конечен одговор.

Како што пренесуваат англиските медиуми, кинескиот клуб Гвангжу, кој е предводен од Луиз Фелипе Сколари и Пекинг Жуан кој се бори да ја прекине доминацијата на „тигрите“ се двата клубови кои со 700.000 фунти неделна плата сакаат да го придобијат 31-годишниот голгетер на Јунајтед.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Руни кој оваа сезона сè повеќе ја грее клупата на Јунајтед, доколку се одлучи за ваков потег и премине во Кинa, таму најмалку ќе се задржи две години, а годишно ќе заработува нешто повеќе од 40 милиони фунти, со што ќе биде далеку најскапо платениот фудбалер на планетата.

Кинезите дефинитивно стануваа нова фудбалска реалност во светот, па сведоци сме дека многу фудбалски ѕвезди се одлучуваат кариерата да ја продолжат во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Општа тепачка на кошаркарски натпревар, претепан кошаркар🎥

Пријателскиот натпревар во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030 не го дочека својот крај…