Дома Топ вести Дали Роналдо е во право? Португалецот му кажал на Перез, двајца играчи не се доволно добри за Реал

Дали Роналдо е во право? Португалецот му кажал на Перез, двајца играчи не се доволно добри за Реал

ronaldo

Португалскиот фудбалер и официјално најдобриот играч во светот за 2017. година, Кристиано Роналдо повторно е тема на шпанските медиуми.

Откако што минатото лето се поврзуваше со заминување од тимот, шпанските медиуми повторно пренесува дека Роналдо е незадоволен, а особено поради лошите односи кој ги има со претседателот на клубот, Флорентино Перез.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сепак, најновата приказна вели дека Португалецот ги поднел барањата за трансфер желбите за следниот период, а тој наводно пред се сака да ги промени двата голмани. Имено, Роналдо смета дека Кико Касиља и Кејлор Навас не се доволно добри за да бидат голмани на Реал и сака Перез да ги замени двајцата голмани со нови голмани.

Освен тоа, тој сака и промени во поледната линија, додека со нападот е задоволен, барем така пренесува „Diario Gol“.

Се разбира, кога ќе се слушнат вакви приказни, секогаш постои дилема дали се работи само за гласини или навистина има вистина во тоа, а доколку е ова второто, тогаш секако треба да се очекува дека Перез ќе ја исполни желбата на човекот кој на Реал му донесе три титули шампион на Европа во последните четири години.

Сепак, големо е прашањето дали Роналдо претерува кога смета дека Кејлор Навас не е доволно добар голман за Реал? Се разбира, станува збор за голман кој секако не е популарен како Де Геа, Ноер или Куртоа, но секако дека не станува збор за голман кој е со послаб кавалитет, а на крајот тоа го потврдува и фактот дека е стандарден на голот на Реал веќе две и пол години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал почна преговори со ѕвездата на Ливерпул

Реал Мадрид веќе почнал преговори со десниот бек на Ливерпул, Тренд Алексадер Арнолд, прен…