Во моментов петопласираната екипа во Серија А, Рома на крајот од сезоната би можела да остане без спортски директор.
Во последно време странските медиуми се повеќе шпекулираат за заминувањето на Мончи од Рома. Овој Шпанец, ако може да веруваме на странските медиуми, својата успешна спортска директорска фунцкција ќе ја продолжи на Островот, поточно во Арсенал.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Дека оваа приказна не е без покрив денеска пишуваат и од Италија според кои Рома веќе бара наследник на Мончи. Наводно желба е Пиеро Аусилија, кој во моментов работи во Интер, каде што е десна рака на директорот на Интер, Бепе Марота.
Покрај Аусилија на листата на желби на Рома се наоѓа и поранешниот спортски директор на Милан, Масимилијано Мирабели и спортскиот директор на Парма, Даниеле Фаџиано.