И покрај тоа што е познат шампионот на Премиер лигата (Чези), првенството до крајот ќе ни понуди луда битка за четвротот место и опстанок во најелитното натпреварување во Англија.

Можно е и дури да гледаме 39. коло, односно дополнителен натпревар во кој клубовите ќе се борат за тоа кој ќе оди во ЛШ. Никогаш порано ова не се случило, два англиски клуба да играат дополнителен натпревар за пласман во ЛШ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веќе е познато дека Челси и Тотенхем ќе ја претставуваат Англија во ЛШ, Манчестер Јунајтед најголемото европско натпреварување може да го избори преку освојување на ЛЕ, а за преостанатите две позиции ќе се борат Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал.

Сити две кола пред крајот има два бода повеќе од Ливерпил и три од Арсенал. Правилата велат дека дополнителен натпревар се игра на неутрален тренер доколку клубовите имаат исти број на бодови, иста гол разлика и исти број постигнати голови.

Сити, Ливерпул и Арсенал се многу блиску до тоа. Така да Сити и Арсенал постигнаа по 72 гола, а Ливерпул еден гол помалку. Сити е во најдобра позиција поради тоа што има и четири примени голови помалку од Ливерпул и пет помалку од Арсенал.

Така да, има реална опција за дополнителен натпревар помеѓу Ливерпул и Арсенал, а до тој натпревар ќе дојде доколку Ливерпул во последните два натпревари (Вест Хем, Мидлсброу) освои три бода, а Арсенал бод повеќе во натпреварите против Сандерленд и Евертон, со горенаведените критериуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…