Дома Видео Дали Кристијано Роналдо требаше да добие црвен картон?

Дали Кристијано Роналдо требаше да добие црвен картон?

Репрезентацијата на Португалија успеа да се пласира во осминафиналето на СП после ремито против Иран (1:1).

Иран беше на чекор до сензација и пласман во осминафиналето, но Тареми пропушти зицер за победа во последните моменти од натпреварот. Португалците се пласираа, а еден од трагичарите можеше да биде Роналдо кој промаши пенал во 53. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Роналдо во центарот на вниманието беше и во 83. минута откако со лакт удри еден од противничките играчи. Судијата Касерес одлучи да го погледне ВАР, но на Роналдо му покажа само жолт картон, иако според многумина Португалецот заслужи црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Капело: Не можев да заспијам цела ноќ, ова е најголемата трагедија во историјата на Италија

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, како и повеќето Италијанци, е во шок. Видно …