Францускиот шампион, Монако одлучи да ја тестира одлучноста, Арсенал да го задржи Алексис Санчез, така што на „Топчиите“ ќе им понуди 50 милиони евра. Ова го објави британски „The Sun“, но по оној на Нејмар многумина сметаат дека веќе секој трансфер е остварлив.
Монако може, неодамна продадоа тројца фудбалери, Менди, Бакајоко и Бернардо Силва на Островот за преку 150 милиони, така што во касата на францускиот состав има простор за трошење.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кнежевите“ чувствуваат дека можат да ја искористат Венгеровата желба да не остане без пен следното лето кога на Чилеанецот ќе му истече договорот.
Санчез би требало да биде замената за шпицот на Монако, Килијан Мбапе, тинејџерот од кого се очекува преминување во Реал Мадрид за 180 милиони евра.
Исто така, и тренерот на Монако, Леонардо Жардим смета дека големата желба на Манчестер Сити, Санчез во неговиот тим би можел да донесе големо искуство, а покрај монденскиот живот во Монте Карло ќе му понудат и фантастични 330 илјади евра неделно.
И после се, дали сепак ова може да се одбие?