Дома Фудбал Дали е ова најлошиот Реал во последните три децении?

Дали е ова најлошиот Реал во последните три децении?

Реал Мадрид оваа сезона игра очајно во Примера, а поразот од Еспањол на последниот меч дефинитивно ги отпиша „кралевите“ од трката за титулата.

Статистиката вели дека Реал Мадрид никогаш немал толку голема негатива после 26 кола доколку Барселона вечер го совлада Лас Палмас. Поточно тоа ќе биде најголема разлика во последните три децении.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сезоната во која навистина „кралевите“ беа слаби беше сезоната 1990/91, тогаш Барселона им бегаше на табелата цели 16 бода. Сега, доколку Каталонците победат Реал ќе има 17 бода негатива.

Кога веќе ја споменавме сезоната 1990/91, тогаш Реал Мадрид промени четири тренери, а сезоната ја заврши Радомир Антиќ откако претходно добија отказ Џон Тошак, Алфредо ди Стефано и Рамон Гросо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…