Дома Трансфер зона Дали е ова е знак дека Дибала нема да добие договор каков што сака?

Дали е ова е знак дека Дибала нема да добие договор каков што сака?

Паоло Дибала не е на нивото на кое навивачите на Јувентус очеуваат да биде, па затоа е тема на бројни шпекулации.

Агентот на Дибала пред еден месец допатува од Аргентина за да преговара со директорот на Јувентус, но се вратил во татковината без одржан состанок!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изгледа дека ова е јасна порака дека Дибала нема да добие договор каков што посакува, но пандемијата си го направи своето, можеби и падот на формата, можеби и се по малку, едно е јасно – Јувентус нема намера двојно да му ја зголеми платата на Дибала.

Неговиот агент Хорхе Антун пред еден месец дојде во Торино за да се сретне со Фабио Партичи. Сепак бордот на директори на Јувентус мораше во тој период да оди во изолација. Иако изолацијата на сите во клубот помина, состанокот не се одржа. Антун се врати во Аргентина без состанок со Партичи.

Дибала има договор со Јувентус до 2022 година и тоа значи дека на лето некој би можел да го добие на „попуст“. Ако Партичи одбил да се сретне, пораката до Дибала и неговиот агент веројатно е јасна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…