Манчестер Јунајтед вчера официјално ги претстави домашната гарнитура дресови за следната сезона која ги разочара навивачите на овој клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Адидас не се претстави во најдобро светло со дресовите за следната сезона, а новиот дрес на Јунајтед потсетува на оној на Ватфорд. Сепак, тоа не беше крај на шокот и лошите вести за навивачите бидејќи денеска се појавија фотографии од гостинската гарнитура дресови.
Имено, во јавноста се појави изгледот на дресовите со кои Јунајтед ќе ги игра гостинските натпревари, а навивачите се во шок поради нивниот изглед. Се надеваат дека тоа не е точна информација, но кога е во прашање FootyHeadlines тие ретко грешат во откривањето на нови дресови на европските клубови.
