Бразилскиот напаѓач во редовите на Сити пристигна од Палмеирас во 2017 година, а „граѓаните“ за тогаш 19-годишниот играч „искешираа“ неверојатни 32 милиони евра.
Габриел Жесус во својата прва полусезона на Островот на 10 настапи постигна седум погодоци и со тоа најави за каков играч се работи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во ист ритам продолжи и наредната сезона кога на 29 натпревари постигна 13 погодоци, додека оваа година имаше скромен учинок со постигнати само седум погодоци на 29 натпревари.
Овој 22-годишен играч поголемиот дел од натпреварите ги започнуваше од клупата, бидејќи Агуеро се уште е прв избор во нападот на Пеп Гвардиола. Само на седум натпревари оваа сезона започна како стартер.
Во едно од интервјуата призна дека седењето на клупата понекогаш го фрустрира, а медиумите тоа го протолкуваа како најава дека може да ја промени средината ова лето.
„Секогаш сакам да играм. Нормално дека греењето на клупата ме фрустрира, но и мотивира повеќе да тренирам. Секогаш оставам јасно до знаење дека сакам да бидам дел од тимот кој стартува“, изјави Жесус.
Англиските медиуми тврдат дека Жесус може наскоро и официјално да побара трансфер бидејќи неколку европски гиганти се заинтересирани за него, па останува да видиме како ќе реагираат „граѓаните“ кои го имаат последниот збор.