Дома Фудбал Дали Валверде пронајде нешто да му замери на чудесниот Тер Штеген?!

Дали Валверде пронајде нешто да му замери на чудесниот Тер Штеген?!

Барселона вчера одигра далеку под својот просек на гостувањето на „Сан Мамеш“ и само благодарение на Тер Штеген кој правеше чуда на голот во Каталонија се вратија со позитивен резултат.

Германецот против Билбао ја потврди својата одлична форма, а посебно се истакна во кога во финишот на чудесен начин не му дозволи на Ињаки Вилијамс да ја затресе неговата мрежа.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


После натпреварот Валверде излезе со малку чудна изјава на сметка на неговиот голман.

„Тер Штеген одигра уште еден одличен натпревар и тоа мора а се признае. Меѓутоа, во првото полувреме имаше една ситуација во која интервенираше после еден негов пропуст. За среќа си ја поправи грешката со фантастична одбрана. Онаа на Ињаки во финишот беше брутална“, изјави Валверде.

Иначе, Тер Штеген бранеше одлично само против Билбао. Неверојатно звучи податокот дека Германецот одбрани 30 од последните 34 директни удари кон неговиот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова информација од Шпанија: Модриќ отпишан во Мадрид

Според информациите објавени од угледниот новинар Мигел Анхел Дијаз од радиостаницата Копе…