Eкипата на Барселона со реми ја отвори новата сезона во Примера.
Бранителот на титулата беше голем фаворит на гостувањето кај Гетафе, но сепак не успеа да го покаже тоа и на теренот, па одигра само 0:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во финишот од средбата гледавме вистинска драма и малку недостасуваше Барселона да дојде до победата, сепак по долгите ВАР проверки, Барселона не доби најстрога казна.
Се играше судиското продолжение кога Араухо беше соберен во казнетиот простор и сите очекуваа Барса да добие пенал. Сепак, главниот судија досуди играње со рака од Гави пред прекршокот над Араухо.
I feel cheated. They did an INEC on barca fans. Xavi and Gavi deserved better than a share of the spoil. Araujo was spot on as usual. Abde had a great second half too. Barca deserved more because Getafe didn't come to play football! pic.twitter.com/kTi7EhcNuw
— Pepsi, ACA 💙❤ (@Pepsi_addict__) August 14, 2023
Бесен на целата ситуација беше и Чави кој ги критикуваше судиите па прес-конференцијата по натпреварот.
„Му кажав на судијата дека е срамота тоа што го прават, нив им ги судеше сите фаули, на нас не. Зошто бев исклучен? Пред неколку дена имавме состанок на кој беше кажано дека ќе се дозволи дијалог на тренерот со судијата. Заслуживме да победиме, но не успеавме. Одговорни за овој резултат се судиите, не можеа да го контролираат натпреварот“.
„На домаќините им беше дозволено се, на нас ништо. Кога го искоментирав тоа бев исклучен, вакви работи не се позитивни за никого. За крај, измисли играње со рака и од Гави, на состанокот исто така беше кажано дека нема да се судат пенали ако нема очигледно играње со рака. Ни беше нанесена голема неправда, навистина сум многу бесен“, порача Чави.