Белгискиот репрезентативец Еден Азар остана на клупата за резервни фудбалери 930 од 960 минути и тоа покажува дека засега не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти.
Неговиот последен меч како стартер беше на 28 септември против Шериф, а од тогаш одигра само еден час вкупно, додека најмногу на теренот остана против Осасуна, и тоа 21 минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, вирусот го „покоси“ Реал Мадрид, па Анчелоти не може да смета на Родриго, Асенсио, Бејл, а тоа му дава шанса на Азар да се пробие во првиот тим.
Азар ќе игра надвор од својата оригинална позиција, па ќе мора да се докаже пред Анчелоти, а доколку не се случи тоа, тогаш најверојатно ќе биде продаден или испратен на позајмица во јануари.
Еден од заинтересираните тимови е Лил, кој пред неколку години го продаде на Челси, каде што Белгиецот се прослави и стана еден од најдобрите.