Дома Останати Кошарка НБА Далас победи без Дончиќ, Торонто ја продолжи серијата (видео)

Далас победи без Дончиќ, Торонто ја продолжи серијата (видео)

Далас Маверикс без двете најголеми ѕвезди Дончиќ и Позингис победи на гости кај Шарлот, Торонто ја продолжи добрата серија.

Дончиќ и Позингис поради повреди не беа во составот на Далас, но тоа не им пречеше на Маверикс да дојдат до гостински триумф кај Шарлот 116:100.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сет Кари кај гостите и Дивонте Грем кај домашните беа најефикасни со по 26 поени. Оваа победа за Далас доаѓа по два последователни порази.

Малку фалеше Бруклин да им ја прекине одличната серија на Торонто, но сепак немаа сили за изненадување. Најефикасен беше Карис ЛеВерт од таборот на гостите кој запиша 37 поени, додека кај домаќините Фред ВанВлит беше најдобар со 29 поени. 

Резултати:

Орландо – Милвоки 95:111

Шарлот – Далас 100:116

Детриот – Њујорк 92:95

Индијана – Њу Орлеанс 117:124

Торонто – Бруклин 119:118

Минесота – ЛА Клиперс 142:115

Голден стејт – ЛА Лејкерс 120:125

Феникс – Денвер 108:117

Сакраменто – Сан Антонио 122:102

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…