Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари.
Денвер Наџентс славеа против Лос Анџелес Клиперси во ноќта измеѓу недела и понеделник со 114:104. После неизвесната прва четвртина Денвер доминираше во втората. Во првите пет минути Денвер немаше ниту едно промашување, па не е чудо што тој период го завршија со 14 поени предност. Во продолжение Наџентси и понатаму го контролираа резултат имаа и 20 поени разлика, а Клиперси не успеаа значително да се доближат до крајот на натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ги служеше играчите на Денвер и шутот за три поени. Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 20 поени и 15 скокови, Џамал Мареј имаше 19 поени, Гери Херис 15, Мајкл Портер 13, Монте Морис 12, а Тори Крег и Џејмс Грант имаа по 11. Кај Клиперси Каваи Ленард уфрли 30 поени, Лу Вилијамс 26, Монтерези Харел 25.
Сан Антонио го совлада шампионот Торонто на гости со 104:105. Најефикасен во победничкиот тим беше Дерозан со 25 поени и осум скокови, додека Серж Ибака кај Рапторси имаше 21.
НБА резултати:
Њујорк – Мајами 124:121
Вашингтон 116:127
Бруклин – Атланта 108:86
Мемфис – Голден Стејт 122:102
Торонто – Сан Антонио 104:105
Денвер – Клиперси 114:104
Феникс – Шарлот 100:92