Екипата на Интер после 15 кола во Серија А сеуште не знае за пораз. Во овој момент пред нив е само Наполи со два бода повеќе, а Данило Д’Aмбросио се обиде да објасни зошто Интер е многу подобар од минатите години.
„За разлика од претходните години со Спалети започнавме да ставме фокус на психологијата. Вакви резултати остваривме најмногу поради тоа што сме силни на психа. Сега и оние фудбалери кои не се првотимци на тренинзите даваат се од себе, а со серијата победи успеавме да го вратиме и победничкиот менталитет“.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Вистина е дека нашиот тим е надпросечно висок и дека често се потпираме на нашата физичка супериорност. Се обидуваме да бидеме што повеќе агресивни и посебно внимание посветуваме на прекините, многу ни помагаат и засилувањата кои стигнаа во текот на летото“, зборуваше Д’Aмбросио.
Овој фудбалер неодамна го запиша и стотиот натпревар во дресот на Интер, а сега ја прокоментира својата улога во иднината на миланскиот клуб.
„Не сакам да правам долгорочни планови, туку сакам да се фокусирам на секој ден поединечно. Затоа и стигнав до сто натпревари во овој голем клуб, а се надевам дека ќе имам уште толку“, заврши Д’Aмбросио.