Фудбалерите на Барселона пропуштија одлична можност по пет години да се пласираат во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Барселона имаше 1:0 и во реваншот вкупни 4:2, но потоа практично му ја „подари“ шансата на Пари Сен Жермен да се врати. Секако, клучен момент беше исклучувањето на Роналд Араухо, не само поради фактот што Барселона остана со играч помалку, туку затоа што остана без лидерот на одбраната и најдобриот дефанзивец на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Илкај Гундоган ја презеде одговорноста да застане пред камерите и искрено да ги сумира своите впечатоци во кои беше искрен и кон соиграчите.
„Многу сум разочаран и ова е фрустрирачко за нас бидејќи бевме во многу добра позиција, не само по првиот натпревар, туку и откако поведовме. Се беше во наши раце и потоа го испуштивме премногу лесно и тоа е најтешкото“, истакна Гундоган.
Доби прашање Гундонгон за црвениот картон на Араухо и ситуацијата во која бараше пенал.
„Ако го фаулираше, тогаш тоа е црвен картон, но не знам, не го видов видеото со забавена снимка, вие знаете подобро од мене. Тешко е да се каже. Во вакви клучни моменти треба да сте сигурни дека први ќе дојдете до топката, подобро е да примиш гол, отколку да останеш со играчот помалку играч помалку, играчот на ПСЖ може и немаше да дојде до топката. Што се однесува до пеналот што го барав, бев во трчање, имаше контакт и му го кажав тоа на судијата и добив жолт картон“, изјави Гундоган.
Критичен кон своите соиграчи беше и за ситуацијата во која Витиња постигна гол.
„Уште една грешка. Требаше да излеземе и да не дозволиме шут кон голот, тој беше сам предолго. Имаа три на три од корнер, потоа се појави четвртиот играч и требаше подобро да реагираме, потоа следеше добар удар и гол кој не стави во лоша позиција“.