Дома Фудбал Грчки фудбалски репрезентативец пронајден мртов во базен

Грчки фудбалски репрезентативец пронајден мртов во базен

Фудбалерот на Панатинаикос и на грчката репрезентација Џорџ Балдок (31) вечерва бил пронајден мртов во базенот во својот дом во Атина, јавуваат грчките медиуми.

Балдок е пронајден под вода и немало начин да се спаси, пишуваат грчките медиуми, а деталите за трагедијата се уште не се познати.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Се шпекулира дека покрај безживотното тело било пронајдено шише вотка. Го барала неговата сопруга која не можела да го најде, по што му се јавила на заеднички пријател кој отишол во куќата во Глифада каде наишол на страшна сцена.

Десниот бек изминатово лето направи трансфер во Панатинаикос и оттогаш живеел во Атина, се до изминатава вечер кога неговото тело било пронајдено во базенот.

Пред трансферот во Панатинаикос, Балдок ги претставуваше Милтон Кејнс Донс и Шефилд Јунајтед во Англија, успеа да се натпреварува и во Премиер лигата, а последниот настап за Грција го имаше оваа година во месец март против Грузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед со крената глава заминува од Енфилд🎥

Манчестер Јунајтед одигра храбро на гостувањето кај лидерот Ливерпул, остана непоразен и з…