Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман повторно ги деантираше шпекулациите дека на крајот на сезоната ќе ги напушти „јорганџиите“.
Францускиот репрезентативец нагласи дека го уморуваат постојаните гласини за евентуалното заминување од Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш истото прашање. Не знам што да кажам. Се повторувам, но морам да кажам, сигурно е дека себе си се гледам во овој клуб. Мислам дека ова е одговор кој сум го дал многу пати и навистина ова прашање ме заморува“, изјав Гризман.
Англиските медиуми не престануваат со шпекулациите околу неговата иднина и тврдат дека Гризман на маса веќе има пет понуди и тоа од Јунајтед, Сити, Челзи, Баерн и ПСЖ.
Французинот на крајот од сезоната треба да донесе конечна одлука дали ќе остане во Атлетико или ќе прифати некоја од овие понуди.