Дома Трансфер зона Гризман: Ме боли, секоја година исто!

Гризман: Ме боли, секоја година исто!

Ѕвездата на Атлетико Мадрид и француски репрезентативец Антоан Гризман повторно е мета на трансфер шпекуалции.

Гризман не крие дека е огорчен поради честите шпекулации, иако веќе навикнал на тоа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Иако сум веќе навикнат на шпекулациите, сепак ме боли. Секоја година исто“, изјави Гризман после мечот со Исланд синоќа.

Пред неколку дена се појавија гласини дека Гризман не е среќен во Атлетико Мадрид и преку својот агент се понудил на неколку од европските најголеми клубови, меѓу кои и Барселона.

Гризман минатото лето го одби каталонскиот клуб, а сега најмногу се поврзува со трансфер во Пари Сент Жермен.

„Повеќе нема да се огласувам по повод шпекулациите. Фокусиран сум на крајот на сезоната со Атлетико Мадрид“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…