Дома Фудбал Англија „Граѓаните“ ја „блиндираат“ својата ѕвезда: Еден од најдобрите асистенти во Европа добива нов МЕГА ДОГОВОР!

„Граѓаните“ ја „блиндираат“ својата ѕвезда: Еден од најдобрите асистенти во Европа добива нов МЕГА ДОГОВОР!

Како што утрово пишува „Дејли Мејл“, Манчестер Сити подготвува нов договор за еден од своите најважни фудбалери во овој момент.

Според информациите на реномираниот англиски медиум, „граѓаните“ се спремни на Кевин Де Брујн да понудат нов огромен договор со важност од шест години и според кој тој би заработувал 260.000 фунти неделно, но тоа не е се.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Белгиецот би добил и дел од маркетиншките права на своето име. Де Брујн во Манчестер Сити пристигна за сума од 75 милиони евра од редовите на Волфсбург и со тек на времето стана еден од најдобрите асистенти во Европа.

Да потсетиме, во претходните денови потпис на нов договор во редовите на „граѓаните“ ставија, Николас Отаменди и Фернандињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…