Швајцарските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека играчот на Арсенал Гранит Џака е пред трансфер во Интер.
Италијанските медиуми исто така потврдија дека Џака е во напреднати преговори со „нероаѕурите“.Се верува дека 26-годишниот швајцарски интернационалец е специјална желба на новиот тренер Антонио Конте, кој побарал од раководството да му биде донесен во тимот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џака го продолжи договорот со Арсенал пред една година и се обврза на верност до 2023 година, а со оглед на фактот дека е многу важен играч за тимот, „топџиите“ сигурно нема лесно да се откажат од него.
Џака пристигна во Лондон во 2016 година за 45 милиони евра, па Арсенал за неговата слобода ќе бара најмалку 50 милиои евра.