Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус постигнал договор со Сантос за трансфер на големиот талент Кајо Жорге.
Овој 19-годишен напаѓач важи за најголен талент во Бразил, а неговиот договор со Сантос истекува во декември.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако Милан важеше за голем фаворит за неговиот потпис, сепак Јувентус успеа да ја победи конкуренцијата.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „бјанконерите“ постигнале комплетен договор со агентите на Кајо Жорге и го известиле Сантос за тоа.
Јувентус ќе плати 4 милиони евра за да го добие играчот веднаш, а Сантос ја прифатил понудата. Бразилецот следната недела ќе пристигне на прегледи во Торино.