Германскиот напаѓач и член на Лајпциг,Тимо Вернер го избра Ливерпул, кој сега треба да ја плати откупната клаузула од 52 милиони фунти.
Вернер е еден од најбараните напаѓачи во Европа, но Ливерпул ја доби трката за неговиот договор и постигна целосен договор со Германецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Црвените“ сега ќе треба да ја платат откупната клаузула од 52 милиони фунти до 15-ти јуни за да го комплетираат трансферот.
Вернер кариерата ја започнал во Штутгарт во 2013 година, а три години подоцна се пресели во Лајпциг. За „биковите“ има одиграно 118 натпревари на кои постигнал 72 гола, а оваа сезона има постигнато 27 гола.
RB Leipzig forward Timo Werner is ready to sign for Liverpool if they pay his £52m release clause before it expires on 15 June.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 23, 2020