Дома Топ вести Готово: Милан го победи ПСЖ и за 35 милиони евра го обезбеди првото јануарско засилување!

Готово: Милан го победи ПСЖ и за 35 милиони евра го обезбеди првото јануарско засилување!

Екипата на Милан го договори првото засилување за јануарскиот преоден рок.

Нов член на „росонерите“ ќе стане талентираниот играч за врска на бразилски Фламенго, Лукас Пакета кој на „Сан Сиро“ ќе пристигне за сума од 35 милиони евра.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Бразилските медиуми тврдат дека екипите го договориле трансферот на 21 годишниот фудбалер. Пакета до крајот на неделата ќе ги помине прегледите, а во јануари ќе го облече дресот на „росонерите“.

Милан во трката за потписот на Пакета го победи француски ПСЖ.

Станува збор за фудбалер кој важи за еден од најголемите таленти во овој момент на бразилскиот фудбал.

Оваа сезона во дресот на Фламенго одигра 24 натпревари и постигна два погодоци, запиша и два настапи за репрезентацијата на Бразил.

https://www.youtube.com/watch?v=89N9iRn5EMg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…