Дома Топ вести Готово: Милан го договори второто засилување

Готово: Милан го договори второто засилување

Италијанските медиуми пренесуваат дека Барселона и Милан постигнале договор за трансфер на дефанзивецот Жан-Клер Тобидо.

Овој 20-годишен дефанзивец ретко добива шанса на „Камп Ноу“, па е спремен да ја промени средината, а наводно веќе има договор со „росонерите“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Според договорот Французинот ќе се пресели на Сан Сиро на позајмица до крајот на сезоната, а „росонерите“ ќе имаат можност на лето да го откупат неговиот договор за 20 милиони евра.

Милан се избори во договорот да нема клаузула според која Барса ќе може да го врати играчот на „Камп Ноу“, но ќе има предност доколку италијанскиот клуб сака да го продаде.

Тобидо пристигна во Барса од Тулуз како еден од најталентираните дефанзивци во Европа, но не може да се избори со големата конкуренција на Камп Ноу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…