Дома Топ вести Готово: Килијан Мбапе е играч на Реал Мадрид

Готово: Килијан Мбапе е играч на Реал Мадрид

Сагата околу иднината на Килијан Мбапе е завршена – Французинот ставил потпис на договорот со Реал Мадрид, објави новинарот Фабрицио Романо.

Сите документи со францускиот напаѓач се потпишани и запечатени, тој одлуката ја донесе уште во февруари, а во наредните денови или недели „кралскиот клуб“ официјално ќе објави дека Мбапе ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Се очекува Мбапе да биде преставен како нов играч на Реал Мадрид по завршување на Европското првенство во Германија, односно на средината од следниот месец.

Мбапе потпишал договор на 5 години со Реал Мадрид и доаѓа како слободен играч, но ќе добие бонус за потпис од дури 150 милиони евра, кои ќе му бидат исплатени во текот на пет сезони, па практично ќе заработува 45 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Дортмунд

Неколку клубови од Премиер лигата покажуваат силен интерес за ѕвезата на Борусија Дортмунд…