Дома Фудбал Италија Готово: Ибра потпиша, утре пристигнува во Милано

Готово: Ибра потпиша, утре пристигнува во Милано

Сагата заврши, Златан Ибрахимовиќ и следната сезона ќе игра во Милан.

Искусниот напаѓач кончено постигна договор за продолжување на договорот со Милан и утре ќе пристигне во Милано.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ибрахимовиќ ќе стави потпис на едногодишен договор според кој ќе заработува 7 милиони евра по сезона, сума која нема да биде зависна од никакви бонуси.

Двете страни подолго време водеа преговори, Милан му нудеше 6 милиони евра плус 1 милион во вид на бонуси, но на крајот ги задоволи барањата на Швеѓанецот.

Ибра утре ќе стави потпис на договорот, ќе му биде направен ПСР тест, а потоа ќе им се придружи  на соиграчите во припремите за новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маркус Рашфорд не сака да се врати во Манчестер Јунајтед

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд нема намера да се врати во Манчестер Јунајтед по истеко…