На екипата на Манчестер Јунајтед очајнички им се потребни засулувања во последната линија, примаат голем број голови, а во последно време имаат проблеми и со повредите.
И додека се зборуваше за бројни, далеку атрактивни имиња, како што сега стојат работите Јунајтед ќе доведе засилување од порашениот клуб на Жозе Мурињо. Имено, како што пренесуваат медиумите во Англија, во јануари во редовите на клубот од „Олд Трафорд“ би можел да пристигне капитенот на Челзи, Гери Кејхил.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Искусниот стопер не е во плановите на Маурицио Сари, истакнато е од страна на клубот дека уште во јануари би можел да ја промени средината, како и самиот фудбалер изразил желба за заминување поради малата минутажа. Изгледа дека Кејхил ќе добие шанса кај поранешниот тренер и тоа во голем клуб каков што е Манчестер Јунајтед, а покрај тоа што има 32 години, нема сомнеж дека ќе биде големо засилување за Јунајтед.
Се очекува сепак тоа да биде само позајмица, бидејќи Челзи се уште не е подготвен да го продаде својот капитен. Интерс за Кејхил покажа и Милан, кој исто така има проблеми во тимот, „Сините“ повеќе би сакале да го испратат во Италија, но исто така јасно е дека Кејхил повеќе би сакал да си оди кај Мурињо во Манчестер.