Роман Абрамович останува во фудбалот, а во петок ќе го официјализира купувањето на нов клуб откако мораше да го напушти Челзи поради случувањата во Украина и инвазијата на Русија.
Од Турција доаѓа информација дека Абрамович во петок официјално ќе стане газда на Гецтепе, каде што игра македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Рускиот милијардер мораше да си замине од Велика Британија поради руската инвазија во Украина, па се очекува продажба на Челзи на некој друг газда кој ќе се грижи за иднината на актуелниот европски и светски шампион.
Русинот има долгорочни планови со тимот од Измир, па евентуалното испаѓање нема многу да ги промени плановите на Абрамович.