Дома Фудбал Останато Господин во копачки: Мало момче ми крена рака мислев дека сака автограм, но ме нарече црнчуга

Господин во копачки: Мало момче ми крена рака мислев дека сака автограм, но ме нарече црнчуга

drogba

Легендарниот напаѓач Дидиер Дрогба призна дека расизмот и понатаму е голем проблем во светот на фудбалот, а тоа го почуствувал и тој самиот додека играл фудбал.

Дрогба своите најдобри денови во кариерата ги помина во дресот на Челзи со кој освои скоро се што можеше да се освои, а неговите легендарни голови и понатаму ќе ги паметат навивачите на лондонскиот клуб.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Сепак, овој пат Дрогба не зборуваше за својата богата кариера туку за проблемот кој веќе долго време е актуелен на фудбалските терени.

Расизмот е и денес застапен на трибините. Меѓутоа приказната на Дрогба е навистина емотивна и потресе многумина бидејќи Дрогба бил навреден од мало дете кое се појавило на тренингот на неговиот тим.

„Имавме отворен тренинг за навивачите. Едно мало момче ми крена рака и јас мислев дека сака автограм. Кога се доближив до него ме нарече црнчуга. Неговиот татко се налути на него и му кажа дека повеќе никогаш не смее да го повтори тој збор“.

„Јас клекнав пред него ја фатив неговата рака и му го подигнав прстот и му објаснив дека имам срце како и тој, дека имам две раце како и тој, две очи…Му кажав дека помеѓу белите и црните луѓе нема никаква разлика освен во бојата на кожата“.

„Двајцата сме луѓе и заслужуваме иста почит. Момчето се сврте и се врати кај неговиот татко со очи полни со солзи. Му го дадов мојот дрес во знак на почит кон неговата раса и мислам дека тоа момче тој ден научи голема лекција во својот живот“, изјави Дрогба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Погледнете ја реакцијата на хрватскиот коментатор кога Италија постигна гол во 98. минута

Хрватска и Италија одиграа 1:1 во третото коло од групата Б на Европското првенство. Голот…