Дома Трансфер зона Гонзало Игуаин постигна договор со новиот клуб

Гонзало Игуаин постигна договор со новиот клуб

Гонзало Игуаин ќе го напушти Јувентус.

Искусниот аргентински напаѓач е во процес на преговори околу раскинувањето на соработката со италијанскиот шампион и наскоро тоа би требало да биде официјализирано.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Игуаин изгледа нема долго да чека за нов клуб. Тој веќе постигнал двегодишен договор со Интер Мајами и со тимот на Бекам ќе потпише соработка до декември 2022 година.

Покрај МЛС Игуаин имаше понуди од тимови од Премиер лигата и други клубови во Серија А, меѓутоа тој се одлучи за епиздоа во САД.

Братот на Игуаин, Федерико веќе долги години е во МЛС. Федерико играше седум години за Колумбус, а сега има улога на играч-тренер во Ди-Си Јунајтед.

Ќе потсетиме, пред Игуаин од Јувентус во Интер Мајами пред неколку недели се пресели Блез Матуиди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Серија А добива нов најплатен фудбалер?

Италијанските медиуми најавуваат дека Николо Барела наскоро ќе стави потпис на нов договор…